Десетгодишната Ева се бори со агресивна форма на остеосарком – редок малиген рак на коските кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија па лекарите советувале итно лекување во странство во специјализирани центри. Ева ја чека долг и тежок третман во специјализирана клиника во Минхен – хемотерапија, операција и борба за нов живот. Од семејството порачуваат дека времето е клучно и дека секоја донација значи надеж.
Донаторскиот фонд можете да го поддржите со повик на 143999 на двете мрежи во износ од 100 денари или преку страницата на ECrowd.mk.
.











