Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Десетгодишнината од нападот на сатиричниот неделник Шарли Ебдо

/

пред 651 дена

Сподели преку :

Денеска во Париз со комеморативни собири  се одбележува десетгодишнината од нападот на сатиричниот неделник Шарли Ебдо, во кој загинаа 12 лица. На комеморацијата присуствуваат францускиот претседател Емануел Макрон, неколку министри и градоначалничката на Париз, Ан Идалго.Уредниците на францускиот сатиричен весник во пресрет на десетгодишнината од нападот објавија дека „желбата за смеење никогаш нема да исчезне“.

Што и да се случи, драматично или среќно, желбата за смеење никогаш нема да исчезне“, напиша директорот на издавачката куќа „Шарли Ебдо“, Рис во специјалното издание што ќе биде објавено денеска.

Во денешното специјално издание во кој имала увид агенцијата AFP, сатиричниот весник на насловната страница објавува порака дека „не може да умре“. Ова е илустрирано со цртеж на човек (читател) кој седи врз јуришна пушка, а истовремено воодушевено го чита „историското“ издание на весникот, кое има 32 страници.