Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Девет години од поплавите во Стајковци – ќе се постави спомен-плоча за загинатите

/

пред 443 дена

Сподели преку :

Денес се навршуваат девет години од катастрофалното невреме што во 2016 година го погоди Скопје и околината, при што животот го загубија 22 лица, меѓу кои и дете на две годишна возраст.

Најпогодени беа населбите Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Ченто и делови од Гази Баба, каде што поројните дождови предизвикаа огромни штети.

По повод годишнината, градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, најави иницијатива за поставување спомен-плоча во чест на настраданите.

Тој истакна дека ова ќе биде траен симбол на сеќавање, но и на солидарноста и храброста што граѓаните ја покажаа за време на кризата.

„Во 2026 година ќе одбележиме 10 години од поплавата и 50 години од формирањето на општината. Затоа ќе предложам поставување на спомен-обележје, за да не се заборави трагедијата, но и човечноста што се роди во тие тешки денови“, изјави Стефковски, повикувајќи на заедничка поддршка од институциите и граѓаните.