По цела една година, Комисијата за избори и именувања почна со анализа на биографиите на деветмината кандидати.
Владеачките партии го обвинија ВМРО ДПМНЕ дека Уставниот суд го сфаќа како место за згрижување на нивните партиски кадри, а опозицијата ги обвини дека кандидатите што ги предлагаат имаат неизвесен и сомнителен бекграунд, па затоа треба да имаат лични презентации пред пратениците.
Мнозинството не прифати во недостиг на законска и деловничка регулатива, да се воведува пракса за повикување и испрашување на кандидатите, но оставаат можност за дополнително уредување.
Левица веќе предложи закон за уставни судии. Со него се предвидува забрана за лицата кои во последните седум години вршеле политички функции, за разлика од сегашната општа одредба – да биде истакнат правник.
Девет предлози за Уставни судии пред Комисијата за избори и именувања
Уставниот суд цела година работи во некомплетен состав: лани во јуни остана без тројца судии, а на почетокот од годинава, на уште еден му истече мандатот.
Претседателката Добрила Кацарска повеќе пати апелираше Собранието да избере нови судии, а пред три дена лично му соопшти на државниот врв дека Судот нема да разгледува значајни предмети во ситуација кога работи на работ на кворум со петмина од вкупно девет судии.
Соња Николовска











