Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Деветмина управувале со пловни објекти низ Охридско Езеро пијани, а кај секое второ пловило се утврдени пропусти во безбедноста

/

пред 90 дена

Сподели преку :

 Бројни прекршоци и лица кои пловеле под дејство на алкохол утврди полицијата во координирана акциска контрола на пловните објекти во водите на Охридското Езеро.

Во акцијата учествуваа полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, во соработка со Регионалниот центар за гранични работи Запад и инспектори од Капетанијата на пристаништа Охрид.

При контролата, кај 31 пловен објект и 31 лице се евидентирани вкупно 52 прекршоци. Најчестите неправилности се однесувале на немање задолжителна безбедносна опрема, управување необележани и нерегистрирани пловни објекти, пловење за време на забрана, управување без одобрение за пловидба, превоз на повеќе патници од дозволениот број, како и неносење пловидбена дозвола.

Дополнително, по извршеното алкотестирање било утврдено дека девет лица управувале со пловни објекти под дејство на алкохол.

Контролите опфатиле и лица кои изнајмуваат педалинки, при што кај петмина биле констатирани пропусти во примената на безбедносните правила при нивното изнајмување.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека ваквите акциски контроли ќе продолжат во текот на целата летна сезона, со цел доследно почитување на Законот за внатрешна пловидба и зголемување на безбедноста на сите учесници на Охридското Езеро.