Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Девојче загина на лице место, нејзината мајка е полесно повредена – гром удри крај плажата Посиди, трагедија на Халкидики

/

пред 846 дена

Сподели преку :

Трагедија попладнево се случи на Халкидики, кога гром усмрти 13-годишно девојче, јавуваат грчките медиуми.

Трагичниот настан се случил во 16:30 часот по локално време, кога девојчето било со семејството на песочната плажа Посиди. Според првичните информации, членовите на семејството се разладувале во вода, кога почнало невремето. Набрзо тргнале кон автомобилот, но не успеале да стигнат до него, а ударот на гром бил фатален по животот на девојчето.

Спасувачките служби вложиле натчовечки напори за реанимација, продолжиле со интубација, но не успеале да ја оживеат, јавува грчка Прототема.

Медиумите пренесуваат дека и мајката е полесно повредена. Засега не е позната националноста на девојчето и мајката.

Се нагласува дека времето денеска на подрачјето на Халкидики е лошо, со обилни врнежи од дожд, а полициската управа во Касандра врши прелиминарен увид за инцидентот.