Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДИК ги одби сите 20 приговори за постапката на гласање

/

пред 359 дена

Сподели преку :

Државната изборна комисија (ДИК) ги одби сите 20 приговори поднесени за постапката на гласање. Три од нив веднаш беа одбиени како неуредни, приговорите на независните и на партијата „Трета“ за Прилеп и на Левица за Ѓорче Петров. Одбиени се и приговорите на Националната Алијанса за Интеграција (НАИ) да се отвори материјалот на едно избирачко место во Бутел, на коалицијата „Твоја Македонија“, во едно избирачко место во Виница, за каде било утврдено дека недостигаат три сериски броеви.

На истата коалиција ѝ се одбиени приговорите и за општините Кривогаштани, Богданци и Чашка, а СДСМ самите ги повлекоа приговорите за Чашка. Одбиен е приговорот и на коалицијата „Искуство за успех“ за гласање во село Лажани, Општина Долнени, дека имало случаи на семејно гласање и помош при гласањето.

Претседателот на комисијата појасни дека партиите често поднесуваат забелешки многу доцна, кога резултатот не е во нивна корист.