Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДИК: Утре завршува јавниот увид во Избирачкиот список, се приближуваат и роковите за кандидатските листи

/

пред 407 дена

Сподели преку :

Јавниот увид во Избирачкиот список за Локалните избори 2025 завршува утре, 11 септември, на полноќ.

Граѓаните денеска можат да направат увид до 20 часот, додека утре подрачните одделенија на Државната изборна комисија (ДИК) ќе работат до полноќ за прием на барања за запишување, дополнување или бришење на податоци.

Крајниот рок за доставување на кандидатските листи за градоначалници и советници истекува на 13 септември (на полноќ), а изборната кампања започнува на 29 септември.

Изборите ќе се одржат на 19 октомври во 80 општини и Градот Скопје, на вкупно 3.480 избирачки места.

ДИК е должна да ги разгледа сите поднесени барања во рок од 24 часа. Против решенијата може да се поднесе тужба до Управниот суд, кој исто така е должен да одлучи во рок од 24 часа.

Избирачкиот список со сите промени се заклучува најдоцна до 26 септември, а ДИК го потпишува најдоцна до 3 октомври.