Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Димитриеска Кочоска во „Вин-Вин“: Зголемувањето на пензиите не е големо оптоварување на буџетот, каматите прават огромен притисок

/

пред 829 дена

Сподели преку :

Два милиона и 350.000 евра е дополнителното отповарување на буџетот за последната одлука на владата за линеарно покачување на пензиите или за три месеци ќе дојде некаде седум милиони и 50.000 евра, ако добро пресметав, рече министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на Телма ТВ.

„Значи, не е големо оптоварување. Проблемот каде е? – Ние веќе во делот на расходната страна имаме многу големи притисоци од многу аспекти. Ако ги гледаме каматите, исто огромен е притисокот. Тие растат, бидејќи многу од каматните стапки се врзани со ЕУРИБОР. Тој е позитивен, а во минатите години беше, речиси, нула, па и негативен. Сега расте и прави притисок на каматните стапки. Каматните отплати ни се многу високи. Ние само во однос на минатата година околу пет милијарди денари имаме повеќе отплатено за овие први шест месеци по основ на камати“, истакна Димитриеска Кочоска.