Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Димитриевска: Електронски цигари, ајкоси и сите уреди кои содржат никотин се еднакво или повеќе штетни од класичните цигари

/

пред 241 дена

Сподели преку :

Електронски цигари, Ајкос (Iqos), сите можни уреди кои што содржат никотин се еднакво или дури модерниве се уште повеќе штетни од класичните цигари, предупреди д-р Деска Димитриевска од клиниката за Пулмологија во интервки во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Несфатливо беше досега кај нас, со законот се забранува пушење на класични цигари, меѓутоа дозволено е секаде употреба на другите уреди. Тоа е сосема погрешно. Тие се штетни, уште поштетни од класичните цигари, затоа што при загревање на тутунот на многу високи температури се ослободуваат хемиски супстанци кои што предизвикуваат застрашувачки оштетувања. Постојат податоци за нагла смрт кај млади партиципиенти кои што употребувале електронски цигари или Ајкос, баш заради тие ненадејни хемиски промени кои што настануваат во дишните патишта. и во белодробјето“, рече д-р Димитриевска.

С.Д.