Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Димитриевски: ЗНАМ е трета опција во македонскиот политички блок, позиција што ќе ја потврдиме и надградиме во наредниот период

/

пред 892 дена

Сподели преку :

Денеска ЗНАМ, заедно со сите свои поддржувачи, испишува нова историја на македонската политичка сцена. Можам да потврдам дека се роди третата политичка сила во македонскиот политички блок во државата која што имаме намера во наредниот период дополнително да ја потврдиме и надградиме, со цел еден ден граѓаните да имаат можност да бираат нешто ново, изјави Максим Димитриевски, лидер на Движењето ЗНАМ и кандидат за претседател на Македонија, по денешниот прв круг на претседателските избори.

„Во мое лично име, во име на Движењето ЗНАМ за наша Македонија, се заблагодарувам на сите граѓани кои ја дадоа својата поддршка за мене како кандидат, на Движење ЗНАМ за наша Македонија. Но, воедно и на сите тие граѓани кои што гласаа за останатите мои противкандидати, затоа што на крајот на денот, денеска победи демократијата и победи Македонија. А, тоа е нашата цел. Македонија да продолжи да се развива и расте како држава, а ЗНАМ има за цел да ги обединува, а не разединува граѓаните“, истакна Димитриевски.

Тој упати честитки на неговите противкандидати за, како што рече, постигнатиот резултат.