Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Директорката на албански ИНСАТ ги отфрли обвинувањата за манипулации со пописните резултати

/

пред 841 дена

Сподели преку :

По низата реакции околу резултатите од пописот на населението и домаќинствата што во Албанија беше спроведен во 2023 година, реагираше директорката на Институтот за статистика, Елса Дули, тврдејќи дека пописниот процес бил транспарентен и спроведен со професионализам.

Вели дека презема целосна одговорност за точноста на резултатите бидејќи пописот „произвел точна статистика за населението и домаќинствата, во согласност со новите меѓународни препораки и стандарди“.

Таа ги отфрли и обвинувањата за доцнењето во објавувањето на резултати, што според опозицијата, е со цел манипулација со бројките.

Пописните резултати околу бројот, по етничка основа, не ги признаваат ниту Партијата и здруженијата на Македонците, како и на Грците, кои пак дополнително ги оспоруваат и податоците за верската припадност и сметаат дека православното население е побројно од прикажаното.