Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Директорката на американската Тајна служба поднесе оставка поради атентатот врз Трамп

/

пред 821 дена

Сподели преку :

Директорката на Тајната служба на САД, Кимберли Читл поднесе оставка. Нејзината одлука е последица на критиките кон агенцијата која не успеа да спречи обид за убиство на поранешниот претседател Доналд Трамп на предизборен митинг во Пенсилванија, јавуваат американските медиуми повикувајќи се на извори.

Читл беше испрашана пред Одборот за надзор во Претставничкиот дом за постапките на Тајнатга служба пред атентатот врз Трамп на 13 јуни во градот Батлер.

На тоа сослушување, Читл одби да поднесе оставка, велејќи дека е најквалификуваната личност на чело на Тајната служба која е одговорна за заштита на претседателот, потпретседателот, членови на нивните семејства и водечките претседателски кандидати.