Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Директорот на „Водовод“ ги отфрла обвинувањата против него – тврди дека во минатото тој бил жртва на мобинг

/

пред 1433 дена

Сподели преку :

Директорот на Водовод ги отфрли сите обвинувања против него. Рече дека не правел мобинг на вработените, ниту некој е преместен од работно место. Тврди дека и покрај ваквите обвинувања од синдикатот и дел од вработените, до сега не добил никаква пријава од засегнатите, а за наводното бркање на работници, рече дека е манипулација.

Синдикалците ги охрабри да продолжат да ги заштитуваат правата на работниците, а не да молчат исто кога и тој бил предмет на мобинг.

 СУТКОЗ и ССМ заедно претходно предупредија дека град Скопје и градоначалничката Арсовска треба да ги спречат сите незаконски активности на в. директорот Марјанче Митовски поради што истите може да значат материјална и финансиска штета за јавното претпријатие водовод и канализација.

Вработените се исплашени бидејќи директорот е осудувано лице за физички напад со нож.Исто така имал и медицинска дијагноза која дополнително отежнува тој да биде носител на јавна функција.

Но, токму медицинската белешка директорот на Водовод ја оправда дека му била потребна за судскиот процес кој го води за мобингот кој му бил направен. А покажувањето во јавност на медицинската белешка од страна на претседателот на ССМ, Дарко Димовски, вели дека е кривично дело.

Тамара Марковска