Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Директорот уверува дека смртноста на Клиниката за детски болести е намалена

/

пред 688 дена

Сподели преку :

Директорот Реџеп Мемеди обвинува за клевети и негативна кампања против него и против Клиниката за детски болести. Вели дека доаѓаат од поединци кои како што тврди имале болна намера за власт и позиција. По трите смртни случаи во последниот период, тој уверува дека стапката на смртност е многукратно помала отколку во претходните години.

„Сега имаме скоро двапати помала стапка на смртност во споредба со пред пет години, односно трипати помала смртност во споредба со пред девет или 10 години, кога имало во просек и по девет умирања месечно, т.е. на секој трет ден по еден смртен исход просечно“, вели Реџеп Мемеди директор на Клиника за детски болести.

Мемеди истакнува и дека установата има високоризични проблеми, почнувајќи од тоа дека нема хидрофор пумпа во случај на пожар на горните спратови, како и дека храната за децата и бебињата се подготвува во небезбеден простор.

Државните инспектори при вонредниот надзор констатираа дека специјализанти дежурале без присуство на специјалисти, Но, Мемеди тврди специјалистите биле присутни цело време бидејќи и тие дежурале.

„На нашата клиника да дежураат и специјализанти меѓутоа во секое време тука се достапни специјалистите кои исто така дежураат“, вели Реџеп Мемеди директор на Клиника за детски болести.

Изминатиов период имаше три смртни случаи на Клиниката за детски болести. За смртта на 14-месечното бебе Мемеди суспендираше две медицински лица, а за смртта на бебето од Струмица рече дека стручниот надзор не утврдил никакви пропусти при третманот. За случајот со 5-годишното девојче, следната недела го очекува извештајот од стручниот надзор кој треба да утврди дали имало лекарски пропуст.

Симона Петровска