Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дисциплинска комисија против раководителката во правда која пријави новинарка

/

пред 1601 дена

Сподели преку :

Министерството за правда формираше дисциплинска комисија која ќе го испита целиот случај во врска со повикувањето во полициска станица на новинарката Соња Колевска Делевска за објавен текст.

Министерството за правда ќе ја преипита постапката на раководителката и ќе преземе се што е во рамките на  надлежностите и ингеренциите а во најкус можен рок и ќе се произјасни, се вели во соопштението.

На ваквиот потег на полицијата денеска најостро реагираа Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и ЗНМ, кои освен што го осудија потегот на полицијата, побараа расветлување на случајот со оглед дека полицијата не може да повикува и да врши таков разговор со новинари за објавен текст. Според нив, ваквиот чин би можел да создаде пракса на барање на суетни административци на полициски распит да се повикуваат новинари за објавени текстови, што е неприфатливо, а што воедно би можело да води кон цензура и самоцензура кај новинарите