Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дискотеката била регистрирана како објект за лесна индустрија, а не угостителски објект, немала ниту лиценца за работа

/

пред 584 дена

Сподели преку :

Осомничени 22 до 23 лица, а краткотраен притвор има за 11 за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Дискотеката била регистрирана како објект за лесна индустрија, не угостителски објект, а немала ни лиценца за работа. Во дискотеката имало 500 лица, а карти биле продадени за 250.

Пиротехнички средства поради кои изби пожарот ги донел бендот ДНК, а лицето задолжена за нивна употреба е меѓу жртвите. Нивната употреба не била пријавена во полиција, а концертот бил на диво без писмен договор меѓу организаторот и изведувачите. Од извори за истрагата за Телма велат дека всушност се работело за распрснувачки материјали кои може да се користат во простории кои треба да се високи над 8 метри. Прекршени биле повеќе стандарди за противпожарна заштита. Имало само два ПП апарата. Немало излезни врати за евакуација.

„Системот во Македонија е корупиран до тоа ниво што слободно можеме да кажеме дека имаме катастеофална состојба во постпаување  на одреден број на институции“, изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Фирмата која раководела со објектот Телма веќе објави дека е „ММММ кафе кафе“ ДООЕЛ Кочани, а сопственикот при контрола дал фалсификувана лиценца издадена на 13 март минатата година. Шталата, како што ја нарече Тошковски, функционирала 15 години, благодарение на корупција и без никакви услови. Најави приведување и на други лица од МВР и други институции.

На прашање дали одговорност ќе сноси и началникот на ОВР Кочани, Тошковски порача ќе одговараат сите. Секој еден со директна и индиректна одговорност. Истиот одговор беше и за градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов кој досега бил само повикан на разговор. Според Тошковски, обемни се доказите, а каде и да се копало во државата се било труло.

ОД СВР Штип притоа било дадено мислење за објектот во однос на сообраќајни услови и паркинг места, кое што од страна на оддел на стратешко планирање, контрола и надзор и на писмено има дека не е согласно закон и дека треба да се преиспита.

Во претреси на домовите на двајца службеници од министерството е одземена опрема, документација и оружје. Меѓу приведените се и неформалниот сопственик на објектот, продавачот на билети, управител на агенцијата за обезбедување и четворица негови вработени, сопственик на дискотеката и едно лице од трудовиот инспекторат.

Марија Митевска