Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

До крајот на годината Србите ќе добиваат СМС предупредување за временски непогоди

/

пред 836 дена

Сподели преку :

До крајот на оваа година граѓаните на Србија ќе добиваат СМС предупредувања за невреме на ниво на оштина или дел од територијата.

Според помошник директорот на српскиот хидрометеоролошки завод Горан Михајловиќ, СМС предупредувањата ќе бидат испратени преку „дефиниран систем за предупредување од катастрофи во наредниот период“.

Михајловиќ додаде дека предупредувањето ќе биде дефинирано „на ниво на општина, област или дел од територијата“.

-Доколку се очекуваат временски непогоди во западна Србија, граѓаните во другите делови на земјата нема да добијат порака со такво предупредување, рече тој