Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Доби отштета од 160.000 евра – принцот Хари го победи „Мирор“ во судски спор за прислушкување

/

пред 1023 дена

Сподели преку :

Принцот Хари го доби судскиот спор со британскиот весник „Мирор“ по поднесената тужба за неовластено прибирање на информации за стории објавено за него. Помладиот син на кралот Чарлс Трети го тужеше групацијата „Мирор“ за прислушкување и, подоцна, за објавени текстови за него, а судијата пресуди во негова корист во речиси половина од 33-те членнови во предметот.

„Ова е одличен ден за вистината и одговорноста“, беше коментарот на принцот Хари кој се одрече од должноста во кралското семејство, со цел да се пресели во САД со сопругата Меган Маркл.

Во пресудата на судијата е наведено дека се утврдени докази оти „Мирор“ често користел телефонско хакирање. Со пресудата, принцот Хари доби отштета од 140.600 фунти.

Се проценува дека групацијата „Мирор“ веќе потрошила над 115 милиони евра за исплата на отштети и судски трошоци во претходните спорови за прислушкување.