Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дочек на волшебната новогодишна ноќ – испраќање на старата и добредојде на новата година

/

пред 660 дена

Сподели преку :

Огномети и музика, луѓето со насмеани лица ја дочекаа 2025-та под отворено небо. Плоштадот Македонија беше центарот на радоста и еуфоријата -илјадници граѓани уживаа во новогодишната атмосфера.

Голем број семејства, млади, но и туристи уживаа во програмата на скопскиот плоштад. Спектакуларен огномет го осветли небото точно на полноќ и означи крај на една година и почеток на друга.

Новата година не се славеше само на улиците. Некои одлучија да ја прослават во топлината на своите домови, во кругот на семејството и пријателите. Еве што посакаа граѓаните кои првото утро од новата година одлучија да го поминат на сонце во Градскиот парк.

„Одлично си поминав дома во домашна атмосфера. За наредната година им посакувам здравје, сè друго ќе си дојде“, вели жител.

„На сите граѓани им посакувам здравје и среќа, но прво и најважно здравје затоа што без него ништо друго нема“, вели граѓанин.

„За оваа година им посакувам на сите да им биде поубаво од претходно. Желбите кои не им се оствариле во минатата година да им се остварат сега“, додава друг граѓанин.

„Да има мир и да се среди државата како што треба“, посакува жителка.

Сите испраќаа пораки за здравје и среќа, меѓу првите на граѓаните им честиташе пејачката Сара Мејс, која настапуваше на забавата на плоштадот.

„Ќе си посакаме многу здравје, мир и спокој во душата. На светот би му посакала да има помалку бездомници, повеќе чист воздух, повеќе среќни лица и помалку нервозни шофери во сообраќајот“, изјави Сара Мејс, естраден уметник.

И останатите градовите низ земјава блеснаа во својот празничен сјај, секој со  уникатна атмосфера.

Тамара Марковска