Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Доцни сеидбата на житните култури во штипско и овчеполието

/

пред 1079 дена

Сподели преку :

Земјоделците од штипскиот и овчеполскиот регион интензивно ги подготвуваат нивите за сеидба на пченица и јачмен, но поради немање на дожд, лошите временски услови само 50 отсто од површини се подготвени за сеидба на житните култури.

Потпретседателот на Асоцијација на земјоделци, Гоце Сарафимов вели дека за доцнењето на сеидбата влијае и тоа што дел од житото од годинашнава реколта стои складирана поради ниската откупната цена.

Од Националната мрежа на земјоделци пак додаваат дека цената од 9 до 11 денари за килограм јачмен и пченица е нереална, а според пресметките на Земјоделскиот институт, производната цена е повисока од откупната.

Каракашев од Националната мрежа вели дека реагираат и тоа што е и зголемен надоместокот за вода за наводнување на површините, со што сите земјоделци имаат дополнителни трошоци.

Како мерка за спас на македонската пченица бараат да се запре увозот на странско жито и дополнително да се поддржи домашното земјоделско производство.

Според првичните проценки на земјоделци, доколку не се зголеми откупната цена на житото и не се интервенира од страна на државата се очекува да бидат за 20 отсто намалени површините под пченица и јачмен.

Викторија Димитрова Јованова