Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Додека траат договорите за лидерска, волјата испарува

/

пред 1235 дена

Сподели преку :

Додека траат договорите за средба, волјата полека испарува. Пораките кои преку медиумите си ги испраќаат премиерот и опозицискиот лидер се се` поостри, а тензиите од страна ги подгреваат и ДУИ.

Мицкоски вчера порача дека, доколку Ковачевски очекува средба што ќе помине како двете претходни, без суштина и заклучок, тогаш подобро и да ја нема.

Откри дека, и на двете досегашни средби, премиерот пред себе имал ливче од кое читал. Откако го прочитал,тој му ги кажал забелешките, по што си излегле, дале изјави за медиумите и никому ништо.

Овојпат бара да се сретнат само тие двајцата, по што од СДСМ му порачаа дека, дали ќе дојде сам или во друштво, изборот е негов.

На изјавите на Мицкоски кои деновиве неколкупати ги повтори, дека е време ДУИ да замине во опозиција, и дека  тој е за влада во која „ќе има широко македонско национално единство“, реагираа интегративците.

Евентуални предвремени избори, сепак, нема да бидат тема на лидерската средба, доколку се одржи.

Најавени се само уставните измени и добрососедските односи.

Далиборка Демјанска Цветановска