Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Догодина 2 отсто од БДП за одбрана, на среден рок по 304 милиони евра годишно – Македонија дофаќа НАТО стандард

/

пред 1194 дена

Сподели преку :

Македонија во наредната година ќе го исполни стандардот на НАТО и ќе достигне распределба на два отсто од бруто домашниот производ за одбраната, а така ќе биде и 2025 година. Според пресметките, на среден рок треба да се издвојат 304 милиони евра за оваа намена. Издвојувањата на Македонија во моментов се 1,85 отсто, односно 274 милиони евра, соопшти премиерот Димитар Ковачевски.

Објасни и дека од постоечкиот буџет се наменуваат 30 до 33 проценти за модернизација на армијата, за набавка на нова опрема што се купува исклучиво од САД, од Франција, од Германија и дел од Турција, членка на НАТО. Ковачевски додава дека со овој буџет се опфаќа и реконструкцијата на армиската инфраструктура.