Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Доктор Митрев: Сите наводи во „Нечиста крв“ се неточни, се води хајка против мене

/

пред 1427 дена

Сподели преку :

Во Клиниката „Жан Митрев“ не е направено ништо што е надвор од доктрината за лекување на пациенти со тешки компликации. Сите наводи изнесени во документарецот „Нечиста крв“ се неточни, повтори денеска доктор Митрев на брифинг со новинарите во присуство и на правниот тим на болницата.

Тој нагласи дека хемофилтрацијата не е нов третман, туку дека претставува само сегмент во лекувањето на пациентите на интензивна нега, демантирајќи ги притоа тврдењата дека овој метод е неефикасен.

На почетокот на август, Основното јавно обвинителство покрена истрага за болницата по допрен глас за обвинувања дека со третманите кои се правеле во болницата, пациентите биле измамени и им биле наплаќани високи цени за услугата.

Обвинителството му го одзеде пасошот на Митрев, а тој плати кауција во висина од еден милион евра за да се брани од слобода.