Поранешната асистентка на Џефри Епстин, Сара Келен, сведочеше на затворена седница пред Комитетот за надзор на Претставничкиот дом на САД.
Претседателот на Комитетот за надзор на Претставничкиот дом, Џејмс Комер, републиканец од Кентаки, изјави дека поранешната помошничка на Џефри Епстин, Сара Келен, дала „најсуштинско“ сведочење досега. Таа поминала часови одговарајќи на прашања за осудениот сексуален престапник и мрежа за злоупотреба во сведочење зад затворени врати.
„Од сите луѓе што ги интервјуиравме досега, ова беше убедливо најсуштинското, најпродуктивно интервју што го имавме. Таа беше многу храбра што излезе на виделина. Не можам да замислам колку ѝ беше тешко да навлезе во детали за злоупотребата што ја претрпела од рацете на Епстин и Максвел“, изјави Комер по сведочењето.
Во својата изјава, Келен навела дека со години била изложена на сексуална и психолошка злоупотреба од страна на Епстин.Таа претходно работела како негова лична асистентка повеќе од една деценија и била поврзувана со контроверзниот договор за имунитет од 2007 година во Флорида.
Сослушувањето е дел од поширока истрага за случајот со починатиот финансиер и неговата мрежа на соработници.
Според СНН таа открила три нови имиња на наводни злосторници во мрежата на осудениот сексуален престапник.











