Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Домар пукал во директорот, секретарката и наставничката за време на дисциплинска против него – тројно убиство во училиште во БиХ

/

пред 791 дена

Сподели преку :

Маж застрела тројца колеги во средното училиште во кое што и самиот бил вработен, по што се обидел да се самоубие, соопшти полицијата во Босна и Херцеговина. Тој бил пренесен со тешки телесни повреди во ургентниот центар во Бања Лука, додаваат од полицијата.

Убиецот, кој бил вработен како домар во училиштето, ги застрелал директорот, секретарката и наставничка по англиски јазик. Според локалните медиуми, тој имал несогласувања со раководството на училиштето и се жалел дека бил дискриминиран.

Во моментот кога го извршил убиството против него се водела дисциплинска постапка, па медиумите шпекулираат дека тој упаднал на состанокот на дисциплинската комисија и ги застрелал нејзините членови.