Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Домашното производство ја намали цената на краставиците и кромидот

/

пред 1269 дена

Сподели преку :

Домашното производство во македонските оранжерии и на нивите ја намали цената на крставиците и кромидот. Земјоделците велат дека од оваа недела очекуваат цените дополнително да паѓаат, бидејќи ќе се зголемува понудата.

Цената на краставиците и на кромидот се намалени, па на пазарите се продаваат од 60 до 70 денари, додека цената на доматот останува висока, од 100 до 120 денари за килограми и за овој зеленчук не се почитува одлуката за замрзната цена која треба да изнесува 95 денари.

Но, според економистите ако одлуките се носат на краток рок ќе дадат некој минимален ефект, но долгорочно не може да бидат позитивни. Тие велат дека за разлика од претходно кога имало македонско производство, сега станува збор за голем процент на производи кои се увезуваат, што дополнително влијае врз формирањето на цените.