Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Домашното производство на струја пред колапс – се трошат милиони за да се набави

/

пред 1416 дена

Сподели преку :

Наместо да се зголемува, домашното производство на струја секојдневно опаѓа. Температурите се намалуваат, а енергетските капацитети откажуваат. Иако, властите очекуваа потребите од струја да се покриваат од домашното произвдоство,  во моментот половина од објектите не работат. Хидропотенцијалот се исцрпува – ТЕЦ Осломеј и ТЕЦ Неготино се надвор од мрежа, а РЕК Битола функционира со само еден блок. Од синоќа блок 1 е исклучен. Од ЕСМ тврдат дека тоа е поради планирани сервисни активности.

„Електричната енергија од Блок 1 на РЕК Битола, АД ЕСМ ќе ја надомести со зголемување на производството во останатите свои постројки, како и со набавката на струја за која компанијата има веќе склучен договор до 20 ноември“, се вели во соопштение од ЕСМ.

Според поранешниот директор за производство во РЕК, Спиро Мавровски времето на ремонти е завршено одамна, требаше сите овие работи да бидат направени до крајот на грејната сезона, а не сега во време на зима.

Во меѓувреме на големо се набавува струја. Откако се потрошија девет милиони евра за да се обезбедат колични за само 10-тина дена, сега се планира нова набавка која треба да ги покрие потребите од 21 до 27 месецов, а ќе чини приближно исто. Но, од Владата и натаму се убедени дека е поевтино да се набавува, отколку  ТЕЦ Неготино да се стави во фунцкија. Само за споредба, струјата од оваа централа би чинела околу 240 евра, додека на берзите достигнува и до 300 евра.

Сè уште нема ниту одговорност од фирмите „шемаџии” кои со итар план со месеци трошат поевтина струја од граѓаните. Топката со денови се префрла од една во друга институција. Пред неколку дена министерот Бектеши рече дека очекува финансиска полиција и УЈП да го разобличат случајот, денеска вицепремеирот Битиќи ги посочи РКЕ и ЕВН ХОУМ дека требало да се позанимаат со нив. Но, од РКЕ пристигна експресна реакција во која стои дека тие први алармирале за овие манипулации и ги известиле сите надлежни инситуции кои водат соодветни постапки.

Ирена Чачкова