Доживотна казна затвор за Фадил Зејнелов кој на 1 ноември лани на свиреп начин ја уби 29 годишната Емилија Пешева. Пресудата денеска ја објави судскиот Кривичен совет при Основен суд Штип, а на кој претседател е судијата кривичар Сашко Георгиев.
Образложи дека изрекувањето на доживотна казна затвор за Зејнелов е оправдана и потребна од неколку причини, меѓу кои не покажал емпатија и чувство на одговорност за стореното дело,
Родителите на убиената Пешева велат дека судот донел правилна одлука за убиецот на нивната ќерка, која остави и малолетен син.
Мишко Чолаков бранител на семејството Пешеви забележува дека првадата е задоволена, но болката на семејството на Емилија Пешева останува.
Убиството на Пешева е извршено на свиреп начин. Убиецот во напуштен објект на комуналното претпријатие со голи раце ја задавил.
Семејството сведочи дека Зејнелов по убиството најпрвин отишол да ги искоцка парите кои ги зел од Емилија, а потоа се пријавил во Полициската станица во Штип.
Ова е втора пресуда изречена за фемицид, првата беше изречена за убиецот на Танкица од Кочани, кој со над 40 убоди со нож ја уби пред нејзиниот дом, а потоа самиот си пресуди во кумановскиот затвор.
Викторија Јованова











