Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дранго разрешен, нов заменик директор на „Македонија пат“ е Александар Шуковски

/

пред 596 дена

Сподели преку :

Сашо Дранго е разрешен од функцијата заменик-директор на ЈП „Македонија пат“, а на негово место е назначен Александар Шуковски, економист од Ресен.

За назначувањето на функцијата заменик-директор информираше самиот Шуковски на неговиот фејсбук профил.

Дадената доверба е голема обврска, но и одговорност, затоа можам да ветам, дека напорно ќе работам за да ја оправдам довербата која ми е дадена, напиша Шуковски.

Разрешувањето на Сашо Дранго доаѓа откако пред околу два месеца беше објавена фотографија на која тој позира со убиена мечка, што предизвика реакција од организациите за заштита на животните и пошироката јавност.

Дека итно ќе биде разрешен и повикан на одговорност доколку се утврди неговата вина најави и премиерот Христијан Мицкоски, а Основното јавно обвинителство во Битола оформи предмет по допрен глас на кој уште работи.