Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Друштвото на филмски работници на Македонија го демантира извештајот на ДЗР

/

пред 310 дена

Сподели преку :

Државниот завод за ревизија навлегол во делот на стручно оценување на проектните активности, поврзани со унапредување на македонската кинематографија и развојот на филмската дејност, што не е негова надлежност. Вака гласи писмената реакција на Друштвото на филмски работници на Македонија, во врска со извештајот на Државниот завод за ревизија, за работата на Агенцијата за филм и на ДФРМ. Од Друштвото реагираат на забелешките од ревизирите за спроведен јавен оглас од Агенцијата за филм, за финансирање активности на здруженија од областа на филмската дејност, минатата година. При тоа по склучени договори, на две правни лица им биле доделени средства од  над 45 илјади евра, за што од ДЗР велат дека е спротивно на Законот за филмска дејност, зашто се финансирала исплата на надоместоци, адвокатски и сметководствени услуги, одржување веб страница, закуп на деловен простор, членување во меѓународни организации, патувања и угостителски услуги. Со тоа ДЗР се обидува да го поништи мислењето на стручните тела на Агенцијата, велат од ДФРМ.

  • Укажуваме дека соработката меѓу Агенцијата за филм и Друштвото на филмски работници е во согласност со член 10 став 8 од Законот за филмска дејност и во согласност со Правилникот изготвен од страна на Агенцијата.Ваквиот начин на соработка не е случај само во нашата држава, туку тоа е пракса во сите европски кинематографии, велат од ДФРМ во соопштението до јавноста.

Очигледно е дека ДЗР не ја разбира природата и начинот на функционирање на граѓанските здруженија. Во истовреме сме согласни и дека нема потреба да разбира материја која е надвор од опсегот на надлежности на оваа институција, стои во соопштението на Друштвото на филмски работници.

Извештајот  на ДЗР за работата на Агенцијата за филм во 2024 година, го демантираше и в.д. директорот на Агенцијата. Според Сашо Мицевски, во извештајот не се опфатени сите проекти, туку само одредени, избрани по случаен избор, а начинот на кој е вршен изборот и критериумите за избор и анализа не се наведени во извештајот. Тој исто така кажа дека дел од забелешките на ревизорите веќе ги поправиле.

Сотир Трајков