Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дрвокрадец удрил во службено возило и нападнал шумски полицаец

/

пред 1430 дена

Сподели преку :

На 03.11.2022 година во ОВР Кичево лишен од слобода е Б.В.(24) од Кичево. Тој, претходно, во шумскиот појас во атарот на кичевското село Цветорача бил затекнат од патрола на Шумската полиција и шумочуварската служба,  при нелегален транспорт на огревно дабово дрво што го вршел со возило – џип.

Притоа, во обид да бега, Б.В. со автомобилот удрил во службеното возило на Шумската полиција а потоа нападнал претставник на Шумската полиција. Против него, по целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштуваат од ОВР Кичево.