Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Државниот правобранител бара ДКСК да ги суспендира обвинителите Бубевски и Ајро, му одговорија надлежен е Јовевски

/

пред 1605 дена

Сподели преку :

ДКСК се прогласи за ненадлежна да постапува по пријавата на Државното правобранителство против Гаврил Бубевски кој е шеф на скопското обвинителство и обвинитело за гонење на организиран криминал и корупција Артан Ајро, а поврзано со предметот Труст.

Правобранителството барало Антикорупциска да ги суспендира Бубевски и Ајро се додека не се завршат предметите поврзани со имотот на Трансмет, бидејќи против нив имало поднесено кривични пријави токму за овој предмет па ценело дека имаат судир на интереси.

Но, според членовите на комисијата прво е спорно дали има судир на интереси, а второ и уште побитно е што за суспензија на обвинителите одлучува државниот правобранител Љубомир Јовески.