Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДУИ бара оставка од Таравари, тој вели опозицијата води политичка битка

/

пред 693 дена

Сподели преку :

Демократската унија за интеграција бара министерот за здравство Арбен Таравари да си поднесе оставка и да преземе одговорност за неколкуте трагични настани што се случија изминатиот период.

Од партијата обвинуваат и за намерна тенденција за маргинализација и замена на албанскиот медицински персонал со македонски кадар.

Според ДУИ, кај министерот за здравство има недостаток на посветеност и одговорност што е неприфатливо, особено кога здравјето и животот на децата се во опасност. На ваквите обвинувања на ДУИ пак министерот Таравари рече дека станува збор за политичка пресметка.