Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДУИ: Назначувањето на Стоиљковиќ е закана за Охридскиот рамковен договор

/

пред 92 дена

Сподели преку :

Демократската унија за интеграција (ДУИ) предупредува дека назначувањето на Иван Стоиљковиќ за министер за локална самоуправа претставува вовед во ревизија на Охридскиот рамковен договор и закана за децентрализацијата и меѓуетничката рамнотежа.

Интегративците ја повикуваат Владата да се откаже од какви било измени на општинските граници, нагласувајќи дека секој обид за отворање на ова прашање ќе наиде на силен политички и граѓански отпор.

Во рамки на реконструкцијата на Владата, Стоиљковиќ е еден од функционерите кои ќе ја сменат министерската функција. Тој од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ќе премине на чело на Министерството за локална самоуправа.