Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДУИ: Полициската реакција го испровоцира инцидентот со знамето

/

пред 694 дена

Сподели преку :

За Демократската унија за интеграција пак интервенцијата на полициската за време на прославата на Денот на албанското знаме била причина за инцидентот. Според партијата, полицијата предизвикала непотребни тензии и создала клима на конфронтација, нарушувајќи го правото на граѓаните слободно да ја одбележат оваа значајна празнична традиција.

Од ДУИ велат дека го осудуваат индивидуалниот чин на палење на државното знаме, нагласувајќи дека таквите дела не ги одразуваат вредностите на Албанците и не се во согласност со стремежите за стабилен соживотност и взаемна почит.

Партијата ги обвини ВМРО-ДПМНЕ и други политички сили за злоупотреба на овие инциденти, обвинувајќи ги дека се обидуваат да изградат лажна нарација која го криминализира секој став на Албанците.

Тие политички сили, кои секојдневно ја држат државата надвор од механизмите за надзор на Европската унија, го ограбуваат државниот буџет и граѓаните преку злоупотреба на институциите за лични придобивки. Обидот да се оттргне вниманието од ваквите скандали преку криминализирање на Албанците е позната тактика која нема да успее, се вели во партиското соопштение.

Партијата ги повика институциите да постапуваат со зрелост, професионалност и непристрасност, и да обезбедат слобода на изразување на идентитетот и културата на граѓаните. Во исто време, ги повика Албанците и сите граѓани на Македонија да останат смирени и да не подлегнуваат на провокации кои имаат за цел да создадат поделби и дестабилизација.