Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДУИ утре ќе одлучи дали ќе учествува на лидерска средба

/

пред 278 дена

Сподели преку :

Демократрската унија за интеграција (ДУИ) денеска одржа втора седница на Претседателството на Генералниот совет на која се дискутирало за актуелните политички случувања во земјата и за прашања поврзани со внатрешното партиско организирање и функционирањето на структурите на ДУИ, се наведува во соопштението на партијата од Мала речица.

Исто така, Претседателството на Генералниот совет разговараше и за состанокот на политичките лидери, при што беше одлучено прашањето за учество или неучество на овој состанок да се разгледа и да се донесе одлука утре, на редовната седница на Генералниот совет.

На оваа седница, претседателот Али Ахмети го информираше Претседателството и за реализираните именувања во рамките на третата пакет-листа на претседатели на ограноци на ДУИ, и тоа: Кичево – Арлинд Сејдини; Врапчиште – Евзал Арслани; Ресен – Арјан Муедини; Карпош – Хамза Јашари.