Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дунимаглоски: Инвеститори подгответе се, ќе го отворам урбанизмот во Прилеп, Дунимаглоски доаѓа за градоначалник

/

пред 380 дена

Сподели преку :

Ќе го отворам урбанизмот, осум години урбанизмот во градот не работи, рече Љупчо Дунимаглоски, кандидат за градоначалник на Прилеп од група избирачи, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Не може да се добие ниту една градежна дозвола за работа. Затоа, апелирам инвеститорите да се подготват, Љупчо Дунимаглоски доаѓа за градоначалник. Исто така, треба да се реши паркингот, треба да се решат инфраструктурните проблеми, сите што се од поголема витална важност. Во населбата Точила има запоставена една котлара која со години е запоставена и сега е само собирно место за смет и ѓубриште. Тука треба да се направи еден нов, модерен, инфраструктурен објект, спортските сали треба да се обноват, бидејчи Прилеп во моментот нема спортска сала. Има само една, меѓутоа нема пристапен пат до неа. Кога ќе се соберат овие работи, младите ќе бидат задоволни и жителите на градот Прилеп и нема сметот да се фрла на улица. Сега е фатен некој инает, ѓубрето да се фрла било каде“, изјави Дунимаглоски.

Во вечерашната „Топ тема“ учествуваа седум кандидати за градоначалник на Прилеп. Учеството во дебата го откажаа Ѓорѓија Игески (група избирачи) и Јасминка Стојкоска од Демократи.

С.Д.