Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дуплиран е бројот на заболени од грип во првата недела од 2026 година

/

пред 273 дена

Сподели преку :

Во текот на првата недела од 2026 година во Македонија се пријавени 1.725 случаи на заболени од грип, покажуваат последните податоци од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Ова претставува двојно зголемување во однос на претходната недела, кога биле евидентирани 771 случај.

Бројот на заболени е за околу два и пол пати поголем во споредба со истата недела од минатата сезона, а во однос на просекот за истиот период во последните 15 сезони, зголемувањето изнесува 38,7 проценти. Пријавената инциденца ја надминува неделната граница на средна активност на вирусот на грип на национално ниво.

Од Институтот информираат дека внимателно ја следат состојбата и, доколку биде потребно, до Министерството за образование ќе предложат продолжување на ученичкиот распуст. Воедно, се препорачува зголемена лична хигиена, редовно проветрување на просториите, како и ослободување од работа на хронично болните лица и бремените жени.