Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дурмиши: Засега нема причина за мерки за цените на храната

/

пред 263 дена

Сподели преку :

Нема потреба од реакција во однос на цените на храната  затоа што во декември цените биле намалени за 0,4 проценти, ова го изјави денеска министерот за економија Бесар Дурмиши. Тој објаснува дека  доколку има енормно зголемување на цените ќе реагираат и ќе се преземат мерки.

Тој денеска изјави дека во моментот не гледа причина за некакво ограничување на профитната бруто-маржа или ограничување на цените.

– Засега не гледаме причина да преземаме некакво ограничување на профитната бруто-маржа или ограничување на цените. Секојдневно ја следиме ситуацијата, во комуникација сме со претставниците од Државниот пазарен инспекторат и ако има потреба, ќе реагираме, но во декеври цените во делот на храната и пијалаците се намалени за 0,4 проценти. Убеден сум дека овој тренд ќе продолжи и оваа година – изјави Дурмиши.