На ниво на цела држава до 14 часот се регистрирани три пожари од кои два се активни, а еден е изгаснат, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни се пожарите во населбата Свети Недела во Општина Штип и во селото Матејче во Општина Липково, каде гори ниска вегетација.
Според ЦУК, изгаснат е пожарот на депонијата во селото Банско во општина Струмица.











