Вкупно 25 пожари на отворен простор се регистрирани во последното деноноќие. Од нив, три сè уште се активни, два се ставени под контрола, додека останатите 20 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во општините Гази Баба, Гевгелија, и Зелениково. Се работи за пожари кои зафаќаат нискостеблести и деградирани шуми, како и борови насади.Пожарот во с.Трубарево е ставен под контрола. Поголемиот дел од пожарите, вкупно 15, се изгаснати.Тие зафатија различни видови површини, како ниска вегетација, депонии, ѓубришта и стрништа.Надлежните служби апелираат до граѓаните за зголемена внимателност и пријавување на секое сомнително чадење или оган.











