Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дваесетина Македонци побарале помош за извлекување од Израел

/

пред 489 дена

Сподели преку :

Вкупно 22ца мaкедонски државјани побарале помош за напуштање на територијата на Израел и враќање во Македонија. Во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно враќање во земјата, информираат од Министерството за надворешни работи.

Дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив е во постојана комуникација со нашите државјани, а Министерството активно работи на обезбедување на сите неопходни услови за нивно безбедно враќање, пишува во соопштение од МНР.

Оттаму претходно испратија апел до македонските државјани да се воздржат од патувања во Израел и Иран, сè до подобрување на безбедносната состојба, а затекнатите во жариштата на Блискиот исток веднаш, без одложување, да стапат во контакт со надлежните институции преку дежурните  телефонски броеви.

Од МНР потсетуваат и дека во рамките на Министерството е формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и е достапен 24 часа за сите потреби поврзани со помош, поддршка и асистенција.