Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двајца малолетни велосипедисти од Исланд повредени откако во нив удрил автомобил во Куманово

/

пред 451 дена

Сподели преку :

Двајца малолетни велосипедисти од Исланд кои се учесници на младинските европски олимписки игри вчера биле повредени откако во нив удрил автомобил од марката „пасат“. Велосипедистите се движеле на патот Куманово – Свети Николе.

„На 23.07.2025 во 12:09 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, атар на село Зубовце, кумановско, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Б. (42) од Куманово, удрило во двајца малолетни  велосипедисти од Исланд кои се учесници на младинските европски олимписки игри што се одржуваат во нашата земја и кое се подготвувале за денешната велосипедска трка“, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Повредените лица се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Општата болница Куманово.

Извор на фотографија: Кумановски муабети

Спортистка од Шпанија: Не поминаа ни 72 часа, а падна плоча од плафонот