Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двајца пациенти од Шведска и по еден од Хрватска и од Италија се враќаат во земјава

/

пред 560 дена

Сподели преку :

Четворица од повредените лица во пожарот во Кочани, денеска се враќаат од странство, соопшти Министерството за здравство (МЗ). Станува збор за двајца пациенти кои се лекувани во Хрватска, еден во Шведска и друг во Италија.

„Во странство се хоспитализирани 60 пациенти. Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти“, појаснуваат од МЗ.

Во болниците во државава во моментов се лекуваат седуммина пациенти. Четворица се во хируршката клиника „Свети Наум Охридски“, двајца во приватната болница „Систина“ и еден на Клиниката за пулмологија.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна рано наутро на 16 март. Во трагедијата животот го загубија 61 лице, а близу 200 беа поврдени.