Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двајцата портпароли Адмир Шабани и Дритон Сулејмани станаа заменици-министри

/

пред 220 дена

Сподели преку :

Именувањето на партиски портпароли на позиции во клучни ресори за опозицијата е политичка одлука и коалициска калкулација.

Досегашниот портпарол на Државната изборна комисија и портпаролот на коалицијата Вреди, за нив не се компетентни да ги заменуваат министрите во Одбрана и во Образование.

Побараа, обраната да не биде предмет на партиски договори, особено во ваква геополитичка ситуација, а сметаат и дека, на образованието му е потребно компетентно лице во време на реформи. Од мнозинството ги потсетија на тоа, какви кадри именуваа тие.

  • „Образованието и одбраната се исклучително важни за една држава. Одбраната ја штити сегашноста, а образованието ја гради иднината. За жал, оваа Влада ги заменува компетентните со политички лојални кадри“, рече Даниела Николова, пратеничка од СДСМ.

Пратеничката од ВМРО ДПМНЕ, Благица Ласовска, ѝ врати дека, колку и да се трудат, не можат да им го земат приматот на СДСМ во катастрофално владеење.

Од Вреди ги бранеа своите кандидати дека се компетентни за позициите.

Од Европски фронт ја искористија расправата за да упатат критики за владината политика, на што и самите добија критики од премиерот, кој ги потсети на случајот со Геријатрија и со катната гаража на Клинички центар.

Новиот заменик министер во Одбрана, Адмир Шабани, е дипломиран правник, кој професионалната кариера ја почнал во Основниот суд во Тетово. Подоцна работел во Катастар, па како помлад соработник во Генералниот секретаријат на владата, раководител на сектор во Агенцијата за вработување и раководител на сектор во ДИК.

Заменик-министерот во Образование, Дритон Сулејмани, е дипломиран економист кој на позицијата доаѓа од средното училиште „Цветан Димов„, каде бил професор по економски предмети.

Претходно бил директор на Природно-научниот музеј и асистент на проектот за здравствени картички. Кариерата на почнал како советник во општина Куманово.

Далиборка Демјанска

Б.С.