Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двајца припадници на американската национална гарда убиени во Вашингтон

/

пред 322 дена

Сподели преку :

Двајца припадници на националната гарда беа смртно застрелани денеска во Вашингтон, на само неколку улици оддалеченост од Белата Куќа во главниот град на Соединетите американски држави.

„Западна Вирџинија нема никогаш да ја заборават нивната служба или нивната жртва и ќе бараме целосна одговорност за овој ужасен чин“, – изјави Патрик Морисеј, гувернер на американската држава Западна Вирџинија од каде биле распоредени припадниците на националната гарда во Вашингтон.

Полицијата соопшти дека едно лице, осомничено дека го извршило убиството е приведено а американскиот претседател Доналд Трамп на социјалните мрежи напиша дека бил со сериозни повреди, во тешка состојба.

Три жртви биле претходно пренесени на болничко лекување, според итните служби а идентитетот на третата жртва засега не е познат, односно дали исто така станува збор за припадник на националната гарда или цивил.

Н.И