Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дванаесет пати над дозволените концентрации – Скопје никако да се справи со аерозагадувањето, утрово на 10-то место во светот

/

пред 699 дена

Сподели преку :

Покрај проблемите со автобускиот превоз, со почетокот на грејната сезона, главниот град и оваа година мака мачи со аерозагадувањето. Утрово повторно се најде меѓу 10-те најзагадени градови во светот. Според последните меѓународни извештаи за квалитетот на воздухот, македонската престолнина котира на 10-та позиција.

И покрај бројните напори, планови и ветувања за намалување на загаденоста, проблемот продолжува да ги оптоварува граѓаните, со сериозни последици по здравјето, особено за најмладите, хронично болните и постарите лица. Граѓаните се принудени да живеат во услови кои се слични на еколошка катастрофа, со постојано изложување на штетни материи во воздухот.

Последните мерења утрово покажуваат присуство на 60,3 микрограми на метар кубен ПМ2,5 честички, 68,6 микрограми ПМ10 честички што го прават амбиенталниот воздух нездрав со загадување од над 12 пати над дозволената граница препорачана од СЗО.