Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Две години од масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“

/

пред 519 дена

Сподели преку :

Со комеморативни собири денеска во главниот град на Србија се одбележува втората годишнина од масовното убиство во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“.

На 3 мај 2023 година, ученик од тоа училиште со истрели од пиштол уби девет деца и еден училишен чувар, а рани и неколку други.

Во 8.40 часот пред училиштето се одржa комеморативен собир. Во текот на целиот ден, граѓаните ќе можат да положат цвеќе и да палат свеќи во центарот на Белград како и да се потпишат во книгата на спомени.

Еден ден подоцна, на 4 мај 2023 година, Урош Блажиќ (21) уби девет лица во Мало Орашје и Дубона, додека 12 од беа тешко повредени.

На 19 септември 2024 година, Владата на Србија донесе одлука со која ги воспостави 3 и 4 мај како Денови на сеќавање на жртвите на масовните убиства во Србија, и се одбележуваат секоја година.