Две лица се убиени и едно е тешко повредено во пукање во гимназија во Сански Мост според првичните информации на босански медиуми.
Како што потврдуваат од МВР на БиХ, вработен во локалната гимназија, кој најверојатно бил отпуштен, пукал во директорот, секретарката и наставник во тоа училиште.
Сански Мост се наоѓа на 360 километри северно од Сараево.











